Според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни 2024 година се издадени 185 одобренија за градење, што е за 23.6 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 301 354 илјади денари, што е за 35.4 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 108 (58.4 %) се наменети за објекти од високоградба, 37 (20.0 %) за објекти од нискоградба и 40 (21.6 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 185 објекти, на 112 (60.5 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 73 (39.5 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 400 станови со вкупна корисна површина од 35 505 м2.