• Нашата мисија
  • Маркетинг
  • Контакт
ИНДУСТРИЈА.мк |
  • ДОМА
  • ЗЕЛЕНА ТРАНЗИЦИЈА
  • РУДАРСТВО
  • ЕНЕРГЕТИКА
  • МЕТАЛУРГИЈА
  • ДЕРИВАТИ
  • МАШИНСКА
  • ПРЕРАБОТУВАЧКА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ЗЕЛЕНА ТРАНЗИЦИЈА
  • РУДАРСТВО
  • ЕНЕРГЕТИКА
  • МЕТАЛУРГИЈА
  • ДЕРИВАТИ
  • МАШИНСКА
  • ПРЕРАБОТУВАЧКА
No Result
View All Result
ИНДУСТРИЈА.мк |
No Result
View All Result
Home ВО ФОКУС

Програма Гаранција ОКТА – гаранција за квалитет и количина на гориво во пет чекори

Redakcija by Redakcija
August 6, 2024
in ВО ФОКУС, ДЕРИВАТИ, Најнови вести
0
Програма Гаранција ОКТА – гаранција за квалитет и количина на гориво во пет чекори

CREATOR: gd-jpeg v1.0 (using IJG JPEG v62), quality = 82

189
SHARES
1.5k
VIEWS
Сподели на ФБСподели на Linkedin

Дали некогаш сте ја виделе жолтата налепница „ПРОВЕРЕНО“ на бензинските станици ОКТА и дали знаете што означува таа?

„ПРОВЕРЕНО“  потврдува дека горивото ги поминало петте фази од Програмата Гаранција на ОКТА, со што квалитетот и количината на горивото е загарантирана. Веќе девет години, оваа програма успешно се спроведува на нашиот пазар затоа што за, ОКТА квалитетот на услугата и безбедноста на потрошувачите е врвен приоритет. Како дел од Групацијата Хеленик Енерџи, искуството и експертизата од регионалните пазари ОКТА го става на располагање на македонскиот пазар, со што придонесува кон развој на пазарот на нафтени деривати. Се работи за уникатна програма која е сочинета од сеопфатен процес на проверки, во сите фази од ланецот на снабдување чиј резултат е гарантирана количина и квалитет на горивото кое со точи. Иако ваквите проверки не се дел од законските прописи, компанијата преку Програмата Гаранција активно ги едуцира потрошувачите и ги подигнува стандардите за квалитет. Програмата Гаранција ОКТА се одвива по строго утврдени процедури и прописи и истата е препознатлив белег на секој пазар каде што е присутна Групацијата Хеленик Енерџи, чиј член е и ОКТА.

Гаранција во пет чекори!

Првиот чекор на  проверка започнува токму во рафинеријата во Грција каде се прави иницијална проверка на квалитетот на горивото преку акредитирана лабораторија.

Во следната фаза горивото се полни  во цистерни на кои пак независна контролна куќа поставува пломби, со што се гарантира дека цистерната не била отворена при превозот и дека горивото кое било тестирано и испратено од рафинеријата во Грција стигнало безбедно до резервоарите на ОКТА. За време на превозот на горивото цистерните се следат со GPS алатки што дополнително го гарантира транспортот.

Откако горивото ќе пристигне и ќе се складира во резервоарите на ОКТА, по втор пат се проверува квалитетот на истото во акредитирана лабораторија каде примероците се доставуваат шифрирани се со цел да се обезбеди целосна независност во постапката.

Четвртиот чекор на проверки се одвива при испораката на горивото до ОКТА бензинските станици. Секоја цистерна која излегува од капацитетите на ОКТА е проверена од страна на независна контролна куќа, пред и по товарењето, по што истите се пломбираат и добиваат соодветен сертификат.

На крај последниот петти чекор на проверки се прават на лице место, односно на самите бензински станици каде мобилен тим од независни контролори врши ненајавени и редовни контроли на квалитетот и количината на горивото што се продава во малопродажната мрежа со брендот ОКТА.  Секоја бензинска станица што успешно го поминала тестирањето добива соодветен сертификат, додека  автоматите за полнење гориво се обележуваат со жолтата контролна лента на која пишува „ПРОВЕРЕНО“.

Како дел од програмата, до јуни годинава, направени се повеќе од 7.500 проверки на горивата директно од автоматите за полнење на сите бензински станици ОКТА. Гаранцијата на квалитетот и количината на горивото кое го добиваат крајните потрошувачи останува еден од главните приоритети на ОКТА!

Програма Гаранција ОКТА – Затоа што е важно!

Tags: ОКТА
Share76Share13

Поврзани објави

ОКТА ги објави финансиски резултати за првиот квартал од 2025 година

ОКТА ги објави финансиски резултати за првиот квартал од 2025 година

by Redakcija
April 30, 2025
0

Силна профитабилност во првиот квартал од 2025 година во услови на меѓународно опкружување исполнето со предизвици Во првиот квартал од...

Цената на дизелот се зголемува за 2 денари

Зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати

by Redakcija
April 29, 2025
0

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати

Повторно намалување на малопродажните цени на нафтените деривати

by Redakcija
April 14, 2025
0

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

ОКТА повторно ќе ја топли младинската куќа на СОС Детско село

ОКТА повторно ќе ја топли младинската куќа на СОС Детско село

by Redakcija
April 14, 2025
0

И оваа година, ОКТА АД – Скопје ја продолжува својата поддршка за младинците згрижени во младинската куќа на СОС Детско...

Нови податоци за стоковната размена со странство во периодот јануари – август 2024 година

Стоковна размена со странство (јануари – февруари 2025)

by Redakcija
April 10, 2025
0

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот...

Load More

Нашата мисија

ИНДУСТРИЈА.мк е прв македонски медиум специјализиран за вести и настани од тешката индустрија. Нашата мисија е да го подигнеме нивото на информираност помеѓу општата и стручната јавност за значењето на енергетиката, металургијата, рударството, машинската индустрија и останатите области за нашата економија и самата земја. Истовремено сакаме да ги мотивираме и младите да развиваат кариера во тешката индустрија и да бидат дел од свет полн со иновации!

Категории

  • ВО ФОКУС
  • ДЕРИВАТИ
  • ЕНЕРГЕТИКА
  • ЗЕЛЕНА ТРАНЗИЦИЈА
  • КОЛУМНИ
  • МАШИНСКА
  • МЕТАЛУРГИЈА
  • Најнови вести
  • ОСТАНАТО
  • ПОДАТОЦИ И АНАЛИЗИ
  • ПРЕРАБОТУВАЧКА
  • РУДАРСТВО

Навигација

  • Нашата мисија
  • Маркетинг
  • Контакт
  • Цени на нафта и нафтени деривати
  • Цени на топлинска енергија
  • Цени на електрична енергија
  • Цени на обновливи извори

© 2024 Индустрија.мк

No Result
View All Result
  • ВО ФОКУС
  • Најнови вести
    • ЗЕЛЕНА ТРАНЗИЦИЈА
    • ЕНЕРГЕТИКА
    • ДЕРИВАТИ
    • РУДАРСТВО
    • МЕТАЛУРГИЈА
    • ПРЕРАБОТУВАЧКА
  • КОЛУМНИ
  • ПОДАТОЦИ И АНАЛИЗИ
  • Нашата мисија
  • Контакт

© 2024 Индустрија.мк